Артан Груби ќе трча за Скопје, Ахмети лично ја донел одлуката

Од:

Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе биде кандидат за градоначалник со кој ДУИ ќе се обиде да ја добие довербата на скопјани на претстојните локални избори што ќе се одржат на 24 март годинава, пишува „Дневник“.

Според извори на весникот, изборот Груби да влезе во трката за градоначалник на главниот град ја донел лично Ахмети, иако во конкуренција биле неговите сопартијци како министерот за економија Ваљон Сарачини, заменик-министерот за образование Сафет Незири, партискиот портпарол Бујар Османи и пратеничката Ермира Мехмети.

Груби е прв човек на невладината „Разбуди се“, но на јавноста и е познат како директен учесник во тепачката на Калето, за што тој беше осуден на условна казна на шест месеци.

Артан Груби е член на ДУИ од 2011 година, а негов противкандидат за Скопје е Беќим Фазлиу.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата