(ВИДЕО) Арсовски: Стравот на власта е причината Апелација да ја потврди пресудата за Груевски

Од:

Власта која брани криминал продолжува со политички прогон, стравот од народот и црвениот картон кој го доби е причина за донесената одлука на Апелациониот суд за пресудата на Никола Груевски, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски по одлуката на Апелацискиот суд да ја потврди 2-годишната казна затвор за експремиерот Никола Груевски.

– Власта која вршеше уцени и закани пред и после референдумскиот ден, која се јавуваше по приватни броеви на членови од ВМРО-ДПМНЕ да излезат на гласање, полнеше кутии, продолжува со истото сценарио на автократско владеење, вака ја покажуваат својата немоќ, народот нема да го заборави предавањето на националните интереси, рече Арсовски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Арсовски истакна дека нема никакви информации за средба помеѓу Мицкоски и Ахмети. Тој повтори дека партијата останува на ставовите и барањата утврдени на седниците на извршниот и централниот комитет, а тоа се разрешување на актуелниот и избор на нов јавен обвинител, формирање на анкетна комисија и спроведување избори со Пржинска влада.

Арсовски исто така истакна дека засега нема никакви закани до пратениците по однос на гласањето за уставните промени.

– Нема никакви закани, пратеничката група сама потенцираше дека ќе ја почитува волјата на граѓаните која беше јасно изразена на референдумскиот ден, рече Арсовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче