Арсовски: Уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат

Од:

Власта секојдневно се обидува да го покрие сопствениот неуспех и тоа им стана практика меѓутоа не им поминува. Во обид да го затскрие својот неуспех се обидува да ги обвини ЕУ за нивниот неуспех или пак ВМРО-ДПМНЕ за недоволна борба за она кое што тие го направија како предавство. Граѓаните се свесни и не им успеа ништо од тоа. И на крајот од денот граѓаните повторно се свесни каква катастрофална национална политика води СДСМ и оваа Влада рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Да потенцирам уште еднаш јасно и гласно, уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат, во ниту еден случај нема да се случат. Граѓаните шамарот на власта за предавството најпрвин треба да им го удрат на референдум, а потоа и на избори кога ќе ги однесат буквално до расформирање со поразот со кој што им го нанесат. Нема промена на Уставот на Република Македонија под овие околности, по ниту една цена. Јавно повикуваме и како партија и како политичари од оваа партија да поддржиме референдум, сите заедно да повикаме и шансата да одлучува да ја има народот да донесе одлука, а не да ја носат одлуката политичарите кои што се корумпирани од власта за нивното лично коруптивни интереси. Одлуките на власта, одлуките на политичарите од СДСМ не се во интерес на граѓаните вели Арсовски.

Не смее повеќе разочарувања, не смее повеќе неуспеси и народот не смее повеќе да губи надеж. Доволно генерации пропаднаа заради владите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела