Арсовски: Покачувањето на струјата е за лично богатење на Заеви

Од:

Покачувањето на струјата е директен удар врз граѓаните на Република Македонија кои повторно се изманипулирани од Зоран Заев и СДСМ кои пак претходно им гарантираа на граѓаните дека нема никакви шанси да се покачи
цената на струјата.

Ова покачување на струјата е уште еден бонбона бизнис за семејството Заеви. Зошто, ќе разјасниме во понатамошниот дел од оваа прес конференција. Зад покачувањето на цената на струјата отворено се сомневаме дека стојат
бизнис интереси на семејството Заеви. Денеска ќе презентираме преку оваа прес конференција наводи кои дојдоа до нас, а преку кои се доаѓа до причината за покачената цена на струјата која од септември ќе ја плаќаат граѓаните.
Државната компанија ЕСМ, како производител на струја продава 100% од своето производство на универзалниот снабдувач со електрична енергија, наместо 75% како што тоа е регулирано со закон, и со тоа свесно губи профит на сметка на
универзалниот снабдувач, кој пак е приватна компанија. Па така на универзалниот снабдувач му се овозможува висок профит и поголема заработувачка.

Индициите за злоупотреби се во договорите склучувани од страна на универзалниот снабдувач со приватни компании, кои испумпуваат големи суми на пари. А, тие компании имаме причина, реална причина да веруваме и да се
сомневаме дека се тесно поврзани со семејството Заеви. Компанија која е универзален снабдувач склучила договор за обезбедување со агенција, чиј сопственик е од Струмица. Истите сопственици на оваа агенција за обезбедување преку семејството партиципираат и во бизнисот со марихуана, бизнис кој им беше дадена лиценца директно од Владата на Зоран Заев и СДСМ.

Дали на универзалниот снабдувач му се дава висок профит, за преку приватни компании кои влечат корени од Струмица, истите пари да се вадат на приватни сметки и да се слеваат во семејството Заеви?!

Агенцијата за обезбедување, чиј газда е од Струмица, со универзалниот снабдувач на електрична енергија склучил договори вредни близу 17 милиони евра. Значи само за обезбедување оваа струмичка компанија земала околу 17 милиони
евра од универзалниот снабдувач, према кој граѓаните плаќаат повисока цена на струја, благодарение на СДСМ и Заеви, рече Арсовски меѓу другото.

Погледнете ја целата изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ:

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 09 април 2026 изнесува 103,01 евра за мегават час, на МЕМО 85,91 евра за мегават час

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ