Арсовски: Ковачевски како премиер го критикува Скопје 2014, а со радости аплаудирал на проектот

Од:

По насока на неговите политички ментори од СДСМ Ковачевски зборуваше за проектот Скопје 2014 година нарекувајќи го криминален проект, но архивските снимки покажаа дека тој лично се восхитувал на овој проект, учествувал во настаните за отворање на објекти од Скопје 2014-та, и со задоволство аплаудирал рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Домче Арсовски.

– Ковачевски бил во првите редови со аплаузи, со радости, со почести, со сите нишани на тоа што денес го нарекува „криминален проект“, „осудено лице“ и „криминал на ВМРО-ДПМНЕ“. Практично Ковачевски со овие две различни ситуации изјави, покажува дека е само киднапирано лице во СДСМ кое нема право на сопствено мислење, туку има единствено право на мислење како неговите ментори од СДСМ кои го поставија за претседател. Човек без сопствено мислење како Ковачевски, гледаме и самите дека не може да води држава. Тоа го видовме изминативе неколку месеци. Очигледно е, Ковачевски нема свој интегритет, воден е за рака од своите политички ментори во СДСМ и беспоговорно чита што тие ќе му напишат. Затоа велиме дека тој човек нема што ново да понуди. Тоа го видовме изминативе неколку месеци. Сега уште полошо, од најлошото на Зоран Заев, а знаеме сите колку беше лошо во времето на Заев вели Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Ковачевски да излезе на предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела