Арсовска: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно ги блокираат сите програми, Владата да плати осум милиони евра долг кон ЈСП

Од:

По три години ВМРО-ДПМНЕ признава дека блокадата е организирана и оркестрирана, токму од оваа политичка партија и нејзините советници на Град Скопје, изјави денеска на прес-конференција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Градоначалничката истакна дека на вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински предложила решенија за проблемите со кои се соочува Град Скопје, но како што рече, средбата наликувала на „политички циркуз за добивање политички поени”.

-Сакам да го цитирам Перински, дека генерален заклучок е немањето комуникација помеѓу советничките групи во рамки на Градот Скопје. Добро е тоа што Мицкоски се обиде да ги поправи грешките на неговите сопартијци, за жал, сето тоа наликуваше на политички циркуз само за добивање на политички поени. Јас не се натпреварувам за политички поени, рече Арсовска.

Град Скопје не може ништо да исполни додека 45 советници не престанат да ги блокираат програмите што го прават со години, а Владата треба да си го подмири долгот од 8 милиони евра, вели скопската градоначалничка Данела Арсовска на денешна пресконференција. Земаат по 500 евра совтниците, а по седум месеци на се изгласани програмите за јавните претпријатија. Ако не поминат програмите во Советот, јавните претпријатија не можат да работа. Затоа Комунална хигиена не може да работи.

– Надлежностите за ова да се изгласа не се во рацете на Град Скопје. Јавните претпријатија не мoжат да вработат 120.000 луѓе ако таа програма не е помината на Совет на Град Скопје, тоа би било незаконски. Доколку ги слушаа моите планови сега ќе имавме целосно нов возен парк. Не ги ветуваше Мицкоски автобусите покрај мене? Во Скопје ме гласаа 45 советници, но тука во Советот не гласаа ништо. Да можев без нив, до сега градот ќе беше тип-топ. Го немам направено само она коешто Советот не гласа. Станав непопуларна градоначалничка откако ги фатив со рачињата во медот. Секој знае дека без овие Програми не можете ништо да направите.

Набавката на автобусите за ЈСП потенцира Арсовска исто така е блокирана од советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

– Секоја година по 50 години ако набаувавме чќе имавме 150 автобуси. За жал на вчерашната средба рекоа пари во Буџетот. Можеа како Груевски да се одважат, па да купат автобуси. Но, тие не понудија ништо. Ми побараа нов план. Нема проблем, ние ќе правиме планови додека нив не им се допаднат. Проблемот за ЈСП е комплициран, пред се затоа што 8 милиони евра има долг кој Владата не си го плаќала, а други години имало дотации и од 15 милиони од централната власт. Но, сега 4 години нема никаква помош од централната власт и тоа во време кога имаше енергетска криза и зголемени беа цените на реагенсите.

Би можело да ве интересира

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш