Арсовска: Скопје ќе биде град на фестивали, ќе заживее Старата чаршија, кино и театар во Аеродром

Од:

Возобновен фестивалот Златно Славејче, поголема финансиска поддршка за Скопски Џез фестивал се само дел од решенијата во програмата за култура на независната кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска на денешната прес конференција. 

„На Скопје му е потребна нова енергија, потребни му се културни случувања. Скопје ќе биде град на фестивалите. Планираме одржување на најмалку 12 фестивали, за секој месец во годината по еден фестивал. Златно славејче кое е симбол на Скопје ќе се возобнови. Градот ќе ја продолжи и ќе ја зголеми поддршката на Скопје Џез Фестивал.
 
Само на тој начин ќе се гарантира популаризација, одржување и подем на овој фестивал кој го зазема своето место на листата најквалитетни џез фестивали во овој дел од Европа“, истакна Арсовска. Таа додаде дека покрај функционална Универзалната сала ќе се изгради и концертна арена на отворено.

Како дел од програмата е заживување на Старата чаршија преку проектот Ритамот на чаршијата, а ќе се посвети и дополнителна грижа за зачувување и популаризација на Куршумли Ан, Капан Ан, Сули Ан, Чифте Амам, Даут-пашин Амам и Безистенот. Во соработка со Општина Аеродром ќе се инвестира во нов мултифункционален културен центар во Ново Лисиче со кино и театар во општина Аеродром, додека пак со
реализација на проектот Младите креираат во МКЦ ќе им се помогне на сите млади артисти со поддршка на нови и алтернативни настани. 

Планирана е организација и на Меѓународно Биенале на Град Скопје во сеќавање на скопскиот земјотрес, преку преку организирање на ликовни колонии и изложби кои ќе дадат слика за развојот на Скопје преку уметничка призма.

Според Арсовска доста е од ветувања без реализација посебно кога станува збор за ветувањата за реновирање на Универзалната сала.
„Цели четири години има само најави дека Универзална сала ќе се реновира, а 10 дена пред избори нешто се случува колку да се покаже дека е решено. Но, не е,  бидејќи реализиран проект е кога ќе може скопјани пред себе да ја видат салата реконструирана во целост“, додаде Арсовска.

Би можело да ве интересира

Дудуш: Данела нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност

Горан Наумовски

Арсовска со подароци кај првороденото бебе во 2025 година

Катерина Ѓуровски

Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата

А1он

Арсовска: Кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани

А1он

Ѓорѓиевски: Немам прецизна информација дали на Градот ќе му бидат одземени ингеренциите за ЈСП Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот уште не е поднесен, а каде заглавил знае само Арсовска