Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Од:

Оф бе Боби, 3 години уште не знаеш што е твоја работа, а што на градот. Или може знаеш ама кога треба да се сработи нешто, а ти за тоа не си кадарен, удри по Данела и уклучи ги штабците да напаѓаат, реагираше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска откако градоначалникот на Гази Баба се закани до Водовод со протести доколку не добијат вода за пиење.

Ај да ти појаснам како на прваче, како на оние на Вики Ганиу што граделе згради на 5 години:

1. Жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП Водовод и канализација Скопје (ова сигурно го знаеш, или не )

2. Црешево и Смилковци се корисници на вода од ЈКП Гази Баба (ова ако не си разбрал во овие 3 години Е ТВОЕ ПРЕТПРИЈАТИЕ ) која добива вода од РЖ услуги

3. Како вие добавувате вода од РЖ услуги, по која цена и потоа како ја наплаќате од жителите е дополнително мистериозно прашање (за ова во друга пригода)

Ова по 3 години ќе го знаеше, ако паузираше 1 еден ден од сликање по фоклорни манифестации за да сработиш нешто. До сега можеше да им направиш нова мрежа на жителите таму, со милионите што ги доби и од Владата на КОВАЧЕВСКИ и од таа на МИЦКОВСКИ.

Град Скопје во 3 години 0 денари од Влада, плус долг од Влада кон ЈСП од 8 милиони €.

Седи Боби, кец, напиша Данела Арсовска.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Ѓорѓиевски: Воведуваме ред, безбедност и модерен сообраќај – градот Скопје ќе има клучна улога во Сејф Сити системот

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски