Арсовска очекува одговорност од Советот на Град Скопје поради најавата за прекин на работата на ЈСП

Од:

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изјави дека очекува одговорност од Советот на Град Скопје, во врска со најавата за прекин на работа на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, поради неисплатената декемвриска плата.

На прашање на МИА на денешната прес-конференција Арсовска рече дека сите одлуки кои што се однесувале на редовното функционирање, поврзани со буџетот на Град Скопје, биле доставени до Советот.

– Оние одлуки што беа за редовното функционирање поврзани со буџетот на Град Скопје, уредно ги доставив до Советот и претседателот, дури свикав и една итна седница, која што тој одлучи со своето дискреционо право, точките кои беа најважни за претпријатијата на Град Скопје, да ги отстрани од дневниот ред. Како што можете да видите побаравме нова вонредна седница, истата сѐ уште не е свикана до овој ден. Јас се надевам дека прво одговорност ќе имаат со функцијата што ја имаат, доколку сакаат свесно да ги уништат претпријатијата, одговорноста е нивна, ние од наша страна се што сме можеле сме направиле, рече Арсовска.

Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска ги повикаа советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавија во понеделник нема да работат.

– Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со една единствена точка на дневен ред, а тоа е гласање за субвенционирање на ЈСП. Бидејќи истите тие советници го изгласаа буџетот на градот Скопје за 2024 година. Тоа значи, доколку не донесат одлука до недела, 21 јануари 2024 година, во понеделник, вработените во базите и другите сектори, нема да работат, бидејќи не е исплатена во законски рок изработената декемвриска плата, велат од синдикатите.

Законски рок за исплата на декемвриската плата, како што информираа оттаму, е 15 јануари, а следната редовна седница на Советот на Град Скопје е закажана за 31 јануари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска: Инспектор од МВР со див приклучок за вода ја нападна советничката Витина

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Тошковски: Се постапува за утврдување случаи со дивоградби

Предраг Петровиќ

Арсовска до ОЈО достави 20 нови предмети во врска со градби во Чаир

А1он

Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава за фалсификатите од Општина Чаир