Арсовска: Обвинувањата дека имам бугарски пасош се срамни небулози

Од:

Колку и да ме напаѓате во следните денови имаме уште три дена од оваа кампања почитуван господине Шилегов, треба да знаете дека одговорност ќе имате за парите на скопјани кои ги потрошивте, а не дадовте отчет, за сите работи кои ги направивте вклучително за она што ме навредивте мене како личност и целото мое семејство, рече Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во телевизиска емисија.

Арсовска одговори и на обвинувањата, односно како што рече небулози дека има бугарски пасош.

„Искрено не да сум разочарана, јас веќе не знам за што зборуваме и како не им е срам да излегуваат со сите овие работи, небулози кои ги вадат. Прво излегоа дека сум била донатор на политичка партија, каде се доказите за тие работи. Ги кријат, работите ги замаглуваат, ги вадат како полувистини каде се тие информации, каде се информациите дека сум муслиманка, каде се информациите дека некој нешто крадел, злоупотребил, каде се. Значи стварно е небулозно, срамно е да го прават на два дена пред кампања, а зборуваме за исти луѓе со кои јас сум имала можност пет години да седам на иста маса да бараат мои совети за еконосмки мерки и каде ниту еднаш, ниту лично, ниту професионално немале никаква замерка ниту на мојата работа, ниту на мојата личност“, рече Арсовска.

Јас знам, посочи таа, во каква борба влегувам и дека немам ниту една дамка.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена