Арсовска: Никој не може да ја сопре промената искажана преку волјата на народот

Од:

Оваа недела вашиот глас одлучува за иднината на Скопје. Одлуката сега е ваша дали нашиот град ќе продолжи да стагнира или ќе се движиме сите заедно напред за чист, организиран и зелен модерен европски град. Ова е одлуката што треба да се донесе за нашиот град, за наше Скопје вели во видео обраќање независната кандидатка за градоначалничка на Скопје поддршана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска.

Во продолжение ви го пренесуваме комплетното обраќање на Арсовска:

Видовме дека некому политичките кариери му се поважни од граѓаните. Видовме силна црна кампања иницирана од градоначалникот во заминување каде се вклучи и лично самиот премиер. Видовме срамна црна кампања со лаги, фалсификувани документи, па дури и лични закани кон мене и моето семејство.

Но, јас не се плашам. Ние скопјани не се плашиме.

Бидејќи никој не може да ја сопре промената искажана преку волјата на народот. Никој не може да ја сопре промената на позитивно.

Од вас барам поддршка бидејќи знам дека заедно можеме Скопје да го направиме модерен град. Со вашиот глас за мене ќе кажете не на понижувањата, на досегашните лаги, на неисполнетите ветувања. Време е граѓаните да почувствуваат дека живеат во среден град, град кој ќе се грижи за, скопјани.

Јас не сум политичар, јас сум менаџер. Но, пред се, јас сум граѓанин во овој град.
И мене како и на Вас ми е преку глава од политичари кои се грижат повеќе за сопствената политичка кариера, отколку за нас граѓаните.

И мене како Вас ми е преку глава од празни ветувања и лаги. Верувам дека може подобро и дека заслужуваме подобро.
Се обврзувам дека со напорна работа и посветеност за нашиот роден град и со квалитетно менаџирање, ќе го направам Скопје град во кој сите сакаме да живееме, град со којшто ќе можеме повторно да се гордееме.

Скопје ќе има среден сообраќај, бесплатен јавен превоз, чисти улици и заштитени зелени зони.Скопје ќе има функционални јавни услуги што ќе го одржуваат градот и ќе бидат во служба на граѓаните 24 часа секој ден во неделата. Заедно ќе ја вратиме душата на Скопје и ќе го направиме нашиот град модерен европски град, за поубав живот за сите граѓани.

Со вашата поддршка ќе го направиме Скопје подобар град за сите нас. Заедно сме посилни, заедно ќе ја направиме разликата.
Во Скопје почнуваат промените. Бидете дел од позитивните промени, гласајте за подобра иднина за Скопје, за поубав град, град на среќни луѓе, гласајте 82.

Би можело да ве интересира

Данела Арсовска: Јулијана Спировска по наредба на ВМРО континуирано прави опструкции додека градот не се удави во смет

А1он

Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат

А1он

Арсовска: Ќе ставите со Ганиу, Меџити и Адеми црвени беретки и ќе тргнете накај Мечкин Камен, само да се спасите од криминалот

А1он

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

Циркус и парада пред локални, вака министерот за внатрешни ги оценува обвинувањата од Арсовска

Катерина Ѓуровски