Арсовска: Ќе ставите со Ганиу, Меџити и Адеми црвени беретки и ќе тргнете накај Мечкин Камен, само да се спасите од криминалот

Од:

Градоначалничката на Скопје – Данела Арсовска продолжува со „Фејсбук-војната“. Сега на „тапет“ и е членот на ВРЕДИ – Мухамед Елмази.

„Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде за тебе ДУИ побегуљо ќе појаснам уште еднаш. За тоа што бараш да постапувам во Сарај, е исто како да бараш да одам во Битола или Тетово, немаме таму за жал надлежност за дивоградби. Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи, ако не си разбрал првиот пат кога ти пишав, за жал нема да разбереш никогаш!“ пишува Арсовска на ФБ.

Таа вели дека:

„1. Град Скопје нема надлежност над Сарај за дивоградби затоа што законот е за градби до 2011, а Сарај влегува во Генерален урбанистички план во 2012 година.

2. На седницата на Совет на Град Скопје барав дискусија за отварање на незаконски дивоградби за СИТЕ скопски општини, ама твоите другарчиња побегнаа страв им е И ЗА САРАЈ И ЗА ЧАИР да се дискутира.

3. Во Чаир ТИ живееш во незаконска дивоградба стан ГРАТИС, слушам си плачел по дома дека си фатен, а ЕДЕН ОД ЕКИПАТА ОД ОПШТИНА ВЕЌЕ ВИ ИЗБЕГАЛ ВО КОСОВО“.

Арсовска посочи „Ти си дел од оние што од ДУИ за директорско место во државното НОМАГАС пребега во ВЛЕН, а сега откако сте фатени во криминал слушам цело друштво ќе станете комити и ќе преминете во ВМРО. Ќе ставите со Ганиу, Меџити и Адеми црвени беретки и ќе тргнете накај Мечкин Камен, само да се спасите од криминалот“.

„ЗБОРУВАМ СО ФАКТИ, ИМАМ ДОКАЗИ ЗА СЀ И НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ! Така пренеси им на другарчињата“ категорична е скопската градоначалничка.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Лимани: За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита