Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

Од:

По бројните шпекулации истакнати од кадри на ВМРО ДПМНЕ во обид да се амнестираат за состојбата за работата на ЈП Комунална хигиена – Скопје, на социјалните мрежи Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, објави појаснување за надлежностите и одговорностите поврзани со управувањето на претпријатието, велат во соопштение од Град Скопје.

– Ако не ви е јасно дека кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, еве ќе се обидам да ви појаснам уште еднаш:

1. ЈП Комунална хигиена Скопје КХС по закон ја основа, за одлуки и согласности е надлежен Советот на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН).

2. Управниот одбор кој управува со КХС четири години, е составен од членови ВМРО/ВЛЕН и е избран од Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН).

3. ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на Управен одбор на КХС и осудена криминалка за 2 кривични дела од Судот на РМ е ВМРО и е наградена за тоа што градот тоне во ѓубре со советничко место од ВМРО во општина Бутел.

4. Одлуките за Оперативен план за работа и за вработување во КХС ги носи СОВЕТОТ на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН), а најголем број на одлуки намерно не ги гласаа за да предизвикаат хаос.

5. Функционирањето на секој директор се базира врз одлуките (позитивни или негативни) донесени од Управниот одбор на ВМРО/ВЛЕН и тој може единствено да спроведува тоа што тие ќе изгласаат. Кој директор и да е поставен е блокиран и зависен од нивните одлуки.

Ниту еднаш Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН) не превзема мерки за:
– да се обезбедат услови за непречено работење на КХС како што упатува Законот
– да го разреши Управниот одбор на КХС како што упатува Законот
– да го разреши Надзорниот одбор на КХС како што упатува Законот
– да ја промени организацијата на КХС како што упатува Законот

По логиката на МВРО и нивните послушници, утре би требало со полиција да упаднат во НБРМ и да има покренување на кривична постапка за Трајко Славевски за непревземање ниту една мерка по Закон.

Во прилог Законот, кој има трпение нека чита. На кој уште не му е јасно кој е одговорен за ѓубрето, или така му кажале во штаб за да се одбранат себеси или едноставно ужива да го лажат корумпираните политички елити, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ