Арсовска: Јас сум горда Македонка од Скопје, власта ги помина сите граници

Од:

„Тоа што актуелната власт и градоначалникот во заминување ми го прават мене ги поминува сите граници на нормалното и не доликува на една демократска држава“, тврди кандидатката за градоначалник Данела Арсовска, по тврдењата на владејачката партија дека таа поседува бугарско државјанство и лична карта.

Таа до јавноста, како што тврди, испратила три пораки.

„Првата порака се однесува на причините што стојат позади лажните наводи што ги извадија за мене во текот на последните денови. Ваквите црни кампањи ги водат со цел да свртат внимание од вистинските криминали, тендери и скандалозни договори на Петре Шилегов. На денешната прес конференција, покажав повеќе документи поврзани со актуелниот градоначалник и криминалите и нерегуларностите што ги правел за време на својот мандат. Со втората порака одговорив на Заев и таквите како него кои велат дека сум била некаква инсталација на друга земја. Јас можам само да бидам некој кој ќе ги застапува скопјани, ќе реализирам се што сум ветила. А на Заев ќе му порачам дека тој е заложник на многубројни инсталации, капитално и политички врзан, а сето ова граѓаните на Македонија го гледаат секој час од нивните животи со секоја ваша одлука. Особено знаат дека тој ги продаде македонските национални интереси“, пишува Арсовска на својот профил на Фејсбук.

Третата и последна порака, вели таа, ја посветила на фактот дека е горда Македонка од Скопје.

„Обвинувањата за мене и за моето семејство, родители, дете, сопруг и обвинувањето за наводното бугарско државјанство се чиста лага и последица на стравот од пораз. Црната кампања нема да ве направи победници, само ќе продолжете да тонете“, пишува таа.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Тошковски: Се постапува за утврдување случаи со дивоградби

Предраг Петровиќ

Арсовска до ОЈО достави 20 нови предмети во врска со градби во Чаир

А1он

Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава за фалсификатите од Општина Чаир

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години