Арсовска ја назначи Бујаре Абази за заменик-градоначалничка

Од:

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја назначи Бујаре Абази за нова заменик-градоначалничка на Скопје.

Како што информираат од Град Скопје, Арсовска денеска свечено го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот.

Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист.

Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски