Арсовска ја изгуби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да упаѓа по пресови, нека почне реализација на проекти

Од:

Скопската градоначалничка Данела Арсовска, повеќе нема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, освен за поединечни проекти за кои веќе има усогласеност и се промовирани во време на изборите. Портпаролката на партијата, Марија Митева, испрати и јавна порака до Арсовска. Според неа, партијата е незадоволна од резултатите на Арсовска, иако, кога ја поддржале за време на изборите, верувале во неа.

„Како партија која го поддржа концептот за модерно Скопје и застана зад кандидатурата на Арсовска, искрено верувајќи во овој концепт, можам да кажам дека не сме задоволни од сега сработеното од градоначалничката. Сметаме дека е малку реализирано, а може и треба да се испорачаат повеќе резултати кои ги заслужуваат скопјани. Поддршката која ја дадовме за неа е темелена на принципи, и секако таа ќе ја повлечеме тогаш кога ќе видиме дека тие принципи не се почитуваат“, кажа Митева.

Портпаролката одговори и дали мнозинството советници во Град Скопје ќе и ги гласаат проектите и одлуките на Арсовска.

„Имено ова се однесува дека во иднина само оние проекти и онаа политика која е во функција на модерно Скопје и која ја поддржуваме ќе биде одобрена и изгласана во Советот. Но исто така, ќе го задржиме правото да бидеме жестоки критичари на нејзините политики кои излегуваат надвор од тој концепт“, посочи таа.

На крајот, Митева упати и порака до скопската градоначалничка: „Би и порачале на градоначалничката дека наместо неосновани пресметки и упади на прес-конференции, треба да се започне со проекти и со решавање на потребите на скопјани“.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка

Горан Наумовски

Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

А1он

Арсовска во суд раскажа детали за нападот: траеше 40 минути, не извлекуваше интервентна полиција

Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен, почна доказната постапка