(ВИДЕО) Арсовска: Дали ќе биде подобро или полошо во Скопје, времето ќе покаже

Од:

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, не одговори дали очекува во иднина, граѓаните да трпат поради немањето на мнозинство во Советот на градот. Таа најави дека ќе испорачува проекти, а на сите директори им порача дека фиунцкиите не им се вечни.

„Ќе сториме се што е во наша моќ, да продолжиме да испорачуваме проекти во интерес на градот. Дали ќе биде подобро, дали ќе трпи или ќе биде полошо, тоа во секој случај времето ќе каже. Она што можам јас да кажам е дека мора да работиме за заштита на интересот на граѓаните и средствата“, посочи Арсовска.

Таа додаде дека активностите на терен, на најавените проекти, продолжуваат.

„Ниту една функција не е дадена од сега засекогаш и дека нормално е дека ако постојат некои работи кои не задоволуваат активности за реализација на проектите мора да постои соодветна одговорност. Пред она што е јавен интерес, не сметам дека треба да се застане во одбрана на било која јавна функција од овој тип“, додаде таа.

Градоначалничката не сакаше да одговори зошто требаше таа да се скара со ВМРО-ДПМНЕ, па да се види дека директорите кои се разрешени, не си ја извршувале функцијата.

„Довербата дадена е од граѓаните да се чува буџетот. Таа доверба не смее да се изневери. И овие директори кои се именувани, нема да бидат запштитени, ако прават нешто спротивно на до вербата на граѓаните“, додаде Арсовска.

Би можело да ве интересира

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он