Арсова: ВМРО-ДПМНЕ против работниците, против граѓаните, упорно ги кочи измените за недела неработен ден

Од:

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против работниците, против граѓаните и нивните интереси. Со денови пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за труд и социјална политика ги кочат измените на Законот за работни односи за недела неработен ден, рече на прес конференција пратеничката на СДСМ, Лолита Арсова.

„Овие законски измени овозможуваат 92 отсто од вработените да одмараат во недела и да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Не е ова ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ. Тие се уште се противат 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. ВМРО-ДПМНЕ е против работниците, против наставниците, против здравственииот персонал, против припадниците на Армијата.
Едноставно, на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не им е важен никој, не им е важно ништо освен нивните лични и партиски интереси“ – вели Арсова.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда