Армијата прима 125 професионални војници

Од:

Министерството за одбрана денеска објави јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија за работа на определено работно време.

Тие ќе се вработат со договор за вработување во времетраење од три години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст.

За да можат да се пријават на огласот лицата треба да се државјани на Република Северна Македонија, да имаат завршено најмалку средно образование, да имаат доброволно отслужено воен рок и да не се постари од 25 години на денот на завршување на објавениот оглас.

Рокот за пријавување е 15 дена.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он