Армијата ќе ги продолжи тригодишните договори на професионалните војници за уште една година

Од:

На предлог на Независниот синдикат за професионални војници и Независниот синдикат на одбраната, тригодишните договори за работа на сите професионални војници ќе им бидат продолжени за дополнителна една година, соопшти денеска Министерството за одбрана, посочувајќи го ова како пример за успешен социјален дијалог.

– Измените во Законот за служба во Армијата, од февруари оваа година предвидуваат професионалните војници да потпишуваат договори на секои четири години. Министерството за одбрана ќе потпише анекси на договорите на професионалните војници вработени пред да се донесе оваа измена, со што целосно се изедначуваат условите под кои се вработени професионалните војници и им се дава дополнителна сигурност, се наведува во соопштението.

Според Министертсвото за одбрана, вакви анекси на договори за продолжување на работниот однос ќе бидат потпишани со 2.705 професионални војници.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он