Армијата ангажира дополнителни сили за гасењето на пожарите

Од:

Врз основа на укажаната потреба и побарувања за поголем обем на ангажман во гасењето на пожарите, претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во напорите за гасење на пожарите, соопшти Генералштабот на Армијата.

-Од страна на Генералштабот е издадена наредба за ставање во состојба на подготвеност и ангажман на дополнителни 200 армиски припадници од составот на Командата за операции и Командата за обука и доктрини, со што вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300. Заедно со досегашните 100 припадници, кои се ангажирани од почетокот на прогласување на кризната состојба, дополнителните сили ќе извршуваат активности на локации каде ќе има потреба и кои ќе им бидат доделени од страна на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции, се наведува во соопштението.

Ангажираните сили и ресурси координирано работат заедно со другите инволвирани субјекти, што се покажува како суштински во борбата за ставање на пожарите под контрола.

-Во досегашниот период Армијата дејствува со 100 припадници и два армиски хеликоптера МИ-8/17, кои се ангажираат на локации по насоки на Центарот за управување со кризи и со исфрлени повеќе од 150 тони вода и активен ангажман на терен го даваат својот придонес во локализирање на пожарите. Воедно припадниците од воздухопловниот ВИНГ координираат со налетите на хеликоптерите од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора, информираат од Генералштабот на Армијата.

Би можело да ве интересира

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

Дачиќ: Во пожарите во Србија спасени се повеќе од 10 лица, едно лице е повредено

Горан Наумовски

Во изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор

Горан Наумовски

Активни се 14 пожари, четири се под контрола

Пламна голем пожар на отворен простор во близина на селото Баница

Горан Наумовски