Арифи: САД го поддржуваaт македонското членство во Европската Унија

Од:

Потпретседателот на Владата на Република Македонија Теута Арифи, по вчерашните средби со претставници на американскиот Стејт департмент, изјави дека САД го поддржуваaт македонското членство во Европската Унија и ќе работат на тоа да имаме позитивни заклучоци на Европскиот Совет следната недела.

– Како и секогаш, имав многу отворени и срдечни средби за повеќе прашања кои се поврзани со регионалната стабилност, и за тоа што е особено важно, за поддршката која ја бараме редовно, вклучувајќи и од Соединетите Американски Држави, во процесот на приближување кон Европската Унија. Бев информирана дека американската администрација не поддржува и ќе продолжи да не поддржува во однос на нашето членство во Европската Унија. Исто така се надеваат, и работат да имаме што подобри заклучоци следната недела во Брисел. Уште еднаш беше подвлечен фактот дека САД остануваат заинтересирани за стабилноста на Балканот и за напредокот на Република Македонија, изјави Арифи по средбата со повеќе претставници на Стејт департментот и на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

На средбата станало збор и за повикот на претседателот на Владата Никола Груевски и претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети да се работи на релаксирање на меѓуетничките и меѓурелигиските односи и на реафирмирање на потребата од евро-атланските интеграции.

– Во принцип секогаш американската администрација ги следела меѓуетничките односи не само во Македонија туку и во целиот регион, базирајќи се на слободното изразување на идентитетот, на сите видови на чувства, верски или етнички. Секако дека се цени заедничката изјава која беше дадена од страна на премиерот Груевски и претседателот на ДУИ Ахмети, во однос на давање на еден заеднички балансиран став, имајќи го предвид фактот дека регионот секако е полн со историја, која меѓусебно ја респектираме, но тоа што ни е најважно е заедничката иднина, која треба да биде евроатланска, истакна Арифи.

Теута Арифи е во посета на Вашингтон, во пресрет на Европскиот Совет, на кој се очекува одлука за препораката на Европската Комисија Македонија да ги почне долго очекуваните преговори за членство со ЕУ и без решавање на спорот за името. Арифи ова барање го повтори и на вчерашната дискусија за транс-атланските односи меѓу САД и Европската Унија, во универзитетот Џонс Хопкинс.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он