Арифи: Продолжува контролата за намалување на загаденоста во Тетовско

Од:

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи, заедно со претставници од локалниот инспекторат за животна средина денеска извршија инспекција во компанијата за производство на млеко, млечни производи и сокови „Сентис-АГ“ од Џепчиште, која согласно дејноста е должна да поседува Б-интегрирана еколошка дозвола.

Низ процесот на контрола инспекторите ги прегледаа испустите во водата, воздухот и почвата како и другите области и параметри за влијанието врз животната средина.

– Се разгледуваа техниките на управување и контрола на субјектот, суровините кои се користат вклучувајќи ја и водата, ракувањето и складирањето на отпадот, извештаите кои ги доставуваат до Општина Тетово, емисиите кои се емитираат од нивна страна како и реализацијата на оперативниот план. Претходно е исконтролирана и работата на станиците за технички преглед во врска со издувните гасови кои се емитираат во воздухот од моторните возила од каде е констатирано дека горенаведената компанија ги исполнува предвидените услови, изјави Арифи.

Арифи нагласи дека согласно законските надлежности општината заедно со инспекторатот ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на животната средина, особено за намалување на загаденоста на воздухот во општината и оти контролата ќе продолжи и во останатите инсдустриски субјекти кои имаат Б- интегрирана еколошка дозвола или еколошки елаборат.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ