Арифи поднесе оставка, се посветува на кандидатурата за градоначалник

Од:

Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи поднесе оставка на функцијата поради нејзиното учество на претстојните локални избори како  кандидат на ДУИ за градоначалник на  општина Тетово.

– Денеска поднесов оставка на функцијата заменик претседател на Владата задолжена за европски прашања и целосно ќе се посветам на изборната кампања која ќе се одвива во Тетово, рече Арифи.

Таа се осврна и на својот ангажман како вицепремиер, изразувајќи уверување дека во најдобар случај процесот на евроинтеграција на земјата ќе заврши во оваа деценија.

– За мене претставуваше задоволство што изминативе две години имав одговорност да раководам со СЕП и да придонесам во унапредувањето на процесот на евроинтеграција во насока на остварување на европската иднина на нашите граѓани. Во овој период ние го отворивме пристапниот дијалог на високо ниво, што придонесе за значаен напредок во реформирањето на нашето општество, добивме позитивен извештај од Европската комисија и заклучоци од Европскиот совет кои јасно ја одредуваат рамката на нашите активности во поглед на започнување преговори со ЕУ, рече Арифи.

Таа посакува во наредниот период политичките фактори и државните институции максимално да се посветат на исполнување на поставените задачи од страна на ЕУ и со голема одговорност да донесат политички одлуки во корист на нашите граѓани.

На новинарско прашање дали ваквата кандидатура за градоначалник на Тетово ја оценува како девалвирање таа истакна дека со кандидатурата за градоначалник на Тетово е особено почестена, бидејќи Тетово е град во кој живеат најголем број Албанци, град со два универзитета и изрази уверување  дека ќе  стане првата жена Албанка градоначалник, ккако што пред 11 години стана првата жена Албанка пратеник.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски