Арифи: Извештајот ќе биде позитивен

Од:

Вицепремиерката задолжена за евроинтеграции Теута Арифи денеска во Брисел добила сигнал дека претстојниот извештај на Комисијата за напредокот на Македонија во приближувањето кон Европската унија, по четврти пат едноподруго ќе биде позитивен.
Таа се сретна со Стефано Санино, генерален директор на Директоратот за проширување при ЕК, како и со Александра Кас Грање, која се наоѓа на чело на Секторот „Б“ во истиот Директорат за проширување, каде се работи на досието „Република Македонија“. На средбите со Санино и Кас Грање, на првиот човек задолжен за македонските евроинтеграции и биле предочени делови што ќе се најдат во извештајот на ЕК кој ќе биде готов на 10 октомври, а било разговарано и за успехот од Трите рунди на Пристапниот дијалог на високо ниво
„Денеска имав можност да присуствувам на стандардното читање и претставување на извештајот што Европската комисија го прави за Македонија секоја година. Можам да кажам дека мојот заклучок и очекување е дека извештајот, како и секоја година, апсолутно ќе ја рефлектира реалноста во нашата земја. Таа реалност е позитивна и апсолутно така и ќе биде претставена, изјави Арифи по завршувањето на средбите“, рече Арифи.

Би можело да ве интересира

ЕУ носи голем план за домување, ќе се градат државни станови по прифатливи цени

Предраг Петровиќ

Орбан: САД сакаат мир, Европа сака војна

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

„Политико“: Вашингтон менува курс, Европа на маргините на глобалните стратегии

Орбан: ЕУ планира да ја собори унгарската Влада

Медиуми: „Брисел ги лади очекувањата на Киев за членство во ЕУ“