Арифи: Десороизацијата е лош процес за Македонија, СЈО и јазикот се клучни за коалицирање

Од:

Во албанските медиуми нема да сретнете текстови на аномизитет кон Сорос, тоа значи дека и ДУИ има исто размислување. Целиот тој феномен на таканаречената “десороизација“ е лош за процесите во Македонија, затоа што никој во оваа земја не треба да заборави која била логиката на Фондацијата Сорос која била активна во сите земји на Источна Европа.

Се работи за инвестиција во граѓански и научни елити, во тие земји кои беа произлезени од комунизмот и не беа во ссостојба да го подджрат. Сите тие стипендии дадени на граѓани на Република Македонија, тие се инвестиција така што најмалку ДУИ би се позиционирала, сега во 2017 година да даде толкување кои биле од вој тип, зашто сметамае дека секој што дал придонес кон демократизацијата, дал приднес и за Албанците. Ова го кажа потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи во интервјуто на Телма телевизија.

За мене е тешка естрада, најпрво ги прочитав интервјуата на Сорос и дебатите на една таква симплификација на работите овде е едно големо огромно потценување на сопствените граѓани и народ, рече Арифи за обидите борбата против Сорос да се наметне како заедничка на ВМРО-ДПМНЕ и американскиот претседател Доналд Трамп.

-Фактот дека би дошол еден претседал и се ќе се промени тука и некои вредности ќе станат побитни е грешка. Би сакала да елаборирам неколку интересни моменти –доаѓањето на Клинтон беше видено како историско повлекување на САД од Европа. Дали тоа се случи? Не се случи, одговори Арифи на прашањето кое се наметнува од ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија е против Сорос и Трамп е против Сорос, односно Трамп е за ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ била и секогаш ќе биде голем стратешки партнер на САД, односите кои се градат не се лични, не се базираат врз лични релации. САД се голем стратешки партнер на Македонија и на сите граѓани на Република Македонија, рече Арифи.

Таа откри дека нема класични преговори со ВМРО-ДПМНЕ, и дека на двете партии, и на ВМРО-ДПМНЕ и а СДСМ им биле кажани позиции кои се јасни и не се за преговарање-тоа се албанскиот јазик, СЈО и прашањето за интергација во НАТО и ЕУ.

Во однос на тоа кој требало да го добие мандатот, Арифи кажа дека Уставно мнозинство е 61 пратеник. Таа одби дакаже што ќе се случи во понеделник откако ќе истече рокот за составување на влада кој го има Никола Груевски.
– Не можам да предвидам како ќе биде, ниту би било политички коректно, многу ќе зависи од атмосферата кај нас. Сите ние сме свесни дека има меѓународна сериозна порака да имаме кредибилна влада, во однос на одговорностите од Пржинскиот договор, заедно со СЈО, обврските кои се преземени во извештајот на Прибе, според мене ова е кредибилно.
За ДУИ меѓународните пораки се клучни, толкму поради тоа се должи ова внатрешна дебата во ДУИ. Ние сме свесни дека имаме чувствителна ситуација, големи тензии, многу сме се оддалечиле од сериозните процеси со ЕУ, затоа сметам дека ДУИ ќе направи анлаизи но пораките и тоа што ќе добиеме како добронамерна порака од Меѓународната заедница има најголемо значење,рече Арифи.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска