Арбер Адеми – нов министер за образование и наука

Од:

Арбер Адеми е нов министер за образование и наука во Владата на Република Македонија. Роден е на 25.09.1985 година во Куманово, дипломирал и магистрирал на Правен факултет при Универзитетот во Тетово, а докторирал на Универзитет во Тирана.

Адеми досега беше заменик министер во Министерството за образвование и наука, а од 2016 до 2017 беше вицепремиер за европски прашања.

Работи како професор на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.

Бил член на неколку работни групи за изготвување на закони, а има работено и како асистент на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово и како консултант на министерот за труд и социјална политика.

Учествувал на повеќе меѓународни конференции во Македонија и странство и има повеќе публикации на научни трудови.

Зборува англиски јазик и има положено правосуден и нотарски испит.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа