АППТ одржа средба со 30 туроператори во Велика Британија

Од:

Во рамки на активностите што Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ги има со популарната англиска групација Travel Weekls, синоќа во Лондон, се оддржа средба со 30 туроператори што работат на територијата на Велика Британија, соопшти денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија. 

На целодневниот настан учествуваа претставници на туристичките
организации на Јапонија, Швајцарија, Валенсија и неколку реномирани компании кои што работат во туристичката индустрија, а дел од нив пак, организираат патувања кон нови, неоткриени дестинации.

Претставници на АППТ ги презентираа убавините на Македонија, но овој пат со акцент на производот cuty breaks – насочен кон туристичка посета на Скопје, но и Охрид како град со аеродром кој е директно поврзан со Лондон.

При промоцијата на Македонија, градот Гевгелија имаше значајно место со казино туризмот, а посебен осврт се направи на македонската ено-култура и винскиот туризам.

Промвирани биле и настаните коишто се интересни од туристички аспект, а за кои се појави особен интерес од британските туроператори
– Скопје Џез Фестивал, Охридско лето, Скопје Final Cup UEFA 2017, но и настани поврзани со винската култура.

Би можело да ве интересира

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

А1он

Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

А1он