(ВИДЕО) Апостолски: Недозволиво е да се одреди притвор без да биде сослушан обвинетиот

Од:

„Денеска го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување обвинетиот е недозволиво да се одреди притвор. ЗКП точно наведува дека секое лице треба да е сослушано пред да му се одреди притвор“, рече адвокатот на Сашо Мијалков, Антонио Апостолски.

Апостолски изјави дека како образложение за одредување мерка притвор е постоење на опасност од бегство на обвинетиот Сашо Мијалков.

Мијалков е обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО. Мерката притвор која е по наредба на Специјалното јавно обивнителство е во време траење од 30 дена.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

Јавното обвинителство не се согласило со условен отпуст за Сашо Мијалков

ВИДЕО: Целото видео на Сашо Мијалков со џет сетот во хотел во Монако

А1он

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска