(ВИДЕО) Апостолски: Ексдиректорот на УБК е неправедно оцрнет за „27 април“

Од:

Адвокатот на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, Јордан Апостолски по завршување на денешното рочиште изјави дека обвинителството за организиран криминал нема докази дека неговиот клиент е било како вмешан во случувањата за 27 април.

„Нема никакви докази дека има било каква вмешаност. Сметаме дека обвинението е на стаклени нозе со цел само да се оцрни клиентот”, изјави Апостолски.

Според него, Обвинителството не направи напори да се дознаат вистинските сторители, но одби да каже дали одбраната има докази за тоа кои се всушност сторителите.

Тој ги негираше тврдењата на Русковска дека бранителите предложиле по околу 300 сведоци од обвинет, посочувајќи дека за неговиот клиент се предложени десетина сведоци.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски