Апостолоски: Времето на доделување народни пари на ,,политички подобни организации”заврши

Од:

Изминатите денови бевме сведоци на неосновани напади и лични навреди со обиди за политизација во однос на Проектот на Здружението на Кристина Арнаудова и нејзиниот сопруг кои повеќе години од институциите од централната и локалната власт испумпувале средства за проекти рече на прес конфереција портпаролот на Град Скопје, Даниел Апостолвски.

– Фактите за оваа организација говорат дека Проектот на Арнаудова и нејзиниот сопруг од градот Скопје во 2019 година добил финансиска поддршка од 250.000 денари, во 2020 година има добиено финансиска поддршка од 250.000 денари, во 2021 година има добиено 200.000 денари за летниот камп. Очигледно овие средства на Град Скопје се давале за активности кои веќе се спроведуваат и тоа поцелопфатно од страна Црвениот крст. Организацијата од доставената документација може да се види дека земала средства од 30 компании со финансиски донации, околу 300 донации со производи, како и други органи на државната управа од кои добиле финансиска поддршка меѓу кои општина Центар, Агенцијата за млади и спорт и се разбира од Градот Скопје рече Апостоловски.

Прејудицирањето дека Градот е обврзан да финансира некоја организација е јасен обид за политизирање, особено имајќи предвид дека Градот Скопје подржува проекти на релевантни организации како Црвениот Крст каде квалитетот на понудени активности е висок и делуваат волонтери, но и на над 50-тина други здруженија на граѓани кои имаат понудено проектни активности во социјалната сфера кои од комисијата добиле висока оценка вели Апостоловки.

– СДСМ и претходното градско раководство треба да и објасни на јавноста зошто се давале парите на граѓаните на проекти на партиски подобни организации, кои голем дел од средствата ги трошеле на хонорари. Нема да се дозволи СДСМ да врши притисок и хајка со цел парите на граѓаните да се доделуваат на нивни истакнати активисти потенцираше Апостоловски.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он