Апелацискиот суд во Штип ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Верица Белчовска

Од:

Апелацискиот суд во Штип ја зголемил казната затвор од 15 на 30 месеци на 18-годишниот И.Ч. од Струмица заради прегазувањето на 20-годишната Верица Белчовска од беровско Русиново.

Во јули годинава Основниот суд во Струмица му изрече пресуда 15 месеци за сообраќајната несреќа која се случи на 7 април годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица, која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Пресудата на Апелацискиот суд ја соопшти адвокатката на семејството Белчовски преку писмена изјава за медиумите.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар