Апелациски суд: Укинат притворот на Јанакиески, Јосифовиќ, Божиновски и Арсовска, четворицата во куќен притвор

Од:

Апелациониот суд Скопје извести дека од затворот во Шутка излегуваат обвинетите во предметот „Титаник“, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, заедно со сите останати осомничени во предметот на СЈО „Империја“.

„По повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на нејавна седница на ден 28.12.2018 година, кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Н. Ј., К.Б., З.А. и М.Ј.“

Тоа значи дека притвор излегуваат сите осомничени за „Империја“ или поточно соработникот на Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“, Тодор Мирчевски и Зорица Арсовска, сметководителката во фирмите на Камчев.

Од предметите на СЈО, во Шутка засега останува само ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, но се очекува деновиве и за него да има одлука за куќен притвор од кривичниот совет на скопска единица.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

48 часовен притвор за четворицата осомничени за пожарот во Трубарево

Горан Наумовски

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Уапсени седум лица, претреси во Липково, Куманово и Желино

Предраг Петровиќ

30 дена притвор за петмина блокадери од Нови Сад

Арсовска со 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир: „Се градат згради за да се перат пари“

Предраг Петровиќ