Апелациски ја достави до Основниот суд Скопје 1 одлуката за „Детонатор“

Од:

Апелацискиот суд Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја достави одлуката по предметот во јавноста познат како „Детонатор“ донесена по јавна седница одржана на 10 ноември 2014 година, со која генерално е потврдена првостепената пресуда, но е преиначена во делот за казните по повод жалбите на обвинетите Сашко Стојчев, Жан Железарски, Горан Божиновски, Далибор Алексовски и Симеон Михаилов кои делумно се уважени.

Како што соопштуваат од Основниот суд Скопје 1, кривичните санкции за овие обвинети се преиначени при што обвинетиот Сашко Стојчев се осудува на казна доживотен затвор, обвинетиот Жан Железарски се осудува на единствена казна затвор во траење од 14 години, обвинетиот Горан Божиновски на единствена казна затвор во траење од 12 години, обвинетиот Симеон Михаилов се осудува на единствена казна затвор во траење од 13 години и 6 месеци.

По повод жалбата на обвинетиот Далибор Алексовски и по службена должност, Апелациониот суд Скопје пресудата на овој суд во делот на одлуката за кривичната санкција на овој обвинет, заради правилна примена на Кривичниот законик, ја преиначи и го осуди на казна затвор во траење од 3 години.

Со ваквата одлука, жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и жалбите на обвинетите Игор Горански, Јорданчо Михаилов, Стојан Паликрушев, Тони Лесански, Милан Арсов, Ванчо Ќорпашев, Горан Кузмановски, Димитар Јованов, Ангел Андонов и Столе Трпевски изјавени против пресудата на овој суд, се одбиени како неосновани.

Апелациониот суд Скопје со одлуката донел решение со кое пресудата на првостепениот суд единствено се укинува по однос на кривичното дело „Измама“ од член 247 став 2 од Кривичниот законик, односно се уважени жалбите на обвинетите Сашко Стојчев, Жан Железарски и Горан Божиновски и пресудата се враќа на повторно постапување и одлучување само во овој дел.

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!