Апелациониот суд ги прифаќа бомбите како доказ во случајот „Триста“

Од:

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на СЈО за предметот познат како „Триста“ и аудио записи од телефонски разговори ќе може да бидат користени како докази во предметната кривична постапка.

Со ова се преиначува одлуката на Основниот суд Скопје 1 со која телефонските разговори беа издвоени од списите на предметот како доказ прибавен на незаконит начин.

Случајот „Триста“ беше презентиран од СЈО на прес-конференција на 23 март. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи кажа дека се работи за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на помошник министер во Министерството за внатрешни работи, во врска со јавна набавка што се однесува за 300 возила.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов

Апелационен суд во Штип: Седуммина обвинети за случајот „Пулс“ остануваат во притвор

Горан Наумовски

Апелациониот суд Скопје ја објави пресудата за Боки 13

Катерина Ѓуровски