Апелација в петок ќе одлучува дали 26 бомби во „Топлик“ и 11 во „ТНТ“ може да бидат доказ во посатпката

Од:

Апелациониот суд на две јавни седници в петок ќе одлучува дали 26 бомби во предметот „ТНТ“ за уривањето на станбениот комплекс „Космос“ и 11 бомби во предметот „Топлик“ за случајот „Сончев град“ може да бидат доказ во постапката.

Претходно, советот кој го предводи експретседателката на судот, Татјана Михајлова, одлучи бомбите да не бидат доказ во постапката за случајот „ТНТ“, иако Аплеација веќе донесе решение за случајот „Насилство во Општина Центар“ во кој бомбите ги прогласи за доказ. На ист начин Советот на кривичниот суд одлучи и во предметот „Топлик“.

Тезите на одбрната се дека бомбите не може да бидат доказ во постапката бидејќи се стекнати на незаконит начин, како и дека судиите не треба да ги ценат претходно донесените одлуки на скопска Апелација, која во два наврати одлучи бомбите да бидат доказ во постапката.

В. М.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Серија закани за поставени бомби во авиони

Горан Наумовски

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Ристоска: Апелација со пресудата за предметот „Талир 2“ ја легализира политичката корупција

А1он

Полицијата пронајде 12 бомби поставени на далеководи, се трага по екстремист

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација