Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Од:

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата „Силекс неметали“, Василије Авировиќ во предметот „Труст“ на СЈО. Судија известител за предметот е Лирие Елези Арулау.

Со оглед на фактот дека лани Собранието изгласа измени во Кривичниот законик, со кои се намалува казната затвор за ова кривично дело со кое беа осудени обвинетите од четири на три години, се воведе и можноста за добивање условна казна.

Бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на „Трансмет” беше осуден на шест години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години затоа што со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ со што се здобил со имотна корист од 17 милиони евра.

За истото кривично дело на три години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години беше осуден синот на пратеничката Владанка Авировиќ, Василије.

Судот одлучи да го конфискува имотот во вредност од 17 милиони евра кои треба да бидат вратени во државниот буџет.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он