Апелација сè уште не одлучила дали кривично ќе одговараат Мијалков и управните судии

Од:

Жалбите на Специјалното јавно обвинителство до Апелациониот суд за предметите „Титаник 2“ за изземање на управните судии од обвинението и за „Тортура“ за изземање од кривично гонење на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, сè уште патуваат до Апелациониот суд. Оттаму за „Макфакс“ потврдија дека заклучно со вчера, жалбите на тимот на Катица Јанева не се стигнати на одлучување во второстепениот суд.

СЈО се жали на одлуката на судијката Моника Бахчованосвска која при оценката на обвинението за „Тортура“ донесе решение кривично да не одговара Сашо Мијалков бидејќи не им бил надлежен на Алфите кои го апсеа Љубе Бошкоски. СЈО ја обжали и одлуката кривично да не одговараат судиите во Управниот суд кои донесуваа одлуки за прегласување во општините Чаир и Струмица. Советот за оценка на обвинението при кривичниот суд претходно не прифати за злоупотреба на службената положба да одговараат петте управни судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзула.

„Макфакс“ објави дека судиите од Управниот суд повторно се повикале на имунитетот што Судскиот совет им го одзеде на седница во август. Одлуката на Судскиот совет беше резултат на барањето на судијката Верка Петковска.

В. М.

Би можело да ве интересира

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Претседателот на Кривичен суд Џолев избран за судија во Апелација

Катерина Ѓуровски

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани