А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Апел за проактивен пристап за превенција од семејното насилство во услови на ковид кризата

by А1он06/04/2020 - 16:29331
Share0

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска преку соопштение ги повикаа релевантните актери да вложат дополнителни напори за превенција од семејното насилство за време на ковид-19 кризата и да применат ефективни механизми за заштита на жртвите.

Добивај вести на вибер

-Во овие тешки времиња, медиумите треба да го интензивираат известувањето за ризиците од семејното насилство и да ги нагласат постечките можности за поддршка со што жртвите ќе дознаат каде може да се обратат за помош. Важно е граѓанските организации да останат достапни за потенцијалните жртви, додека државните институции, вклучително полицијата и центрите за социјална работа, да работат на намалување на ризикот од семејно насилство преку спроведување на информативни кампањи и овозможување непречено функционирање на центрите за поддршка на жртвите од семејно насилство за време на кризата, рече шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

Според iстражувањето на ОБСЕ за насилство врз жените во Северна Македонија од 2019 година, 45 проценти од жените во државата искусиле психолошко, физичко или сексуално насилство од интимен партнер, додека само 2% од жртвите ги пријавуваат најсериозните инциденти во полиција. Главни причини за ова, како што се наведува во соопштението од Мисијата на ОБСЕ, се срам, финансиска зависност од партнерите, недоверба во институциите и страв од повторување на насилството, како и традиционалното верување дека семејното насилство е лична работа.

Санела Шкријељ, заменик министерка за труд и социјална политика вели дека жените и децата, како и другите членови на семејството, се предмет на психичко, физичко и сексуално насилство.

-Во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира. Владата ја зголеми достапноста на сервисите за жртвите од насилство низ земјата. Потенцијалните жртви можат да се обратат за помош на СОС линиите 02-15700 и 02-15315. Никој не треба да се чувствува дека е оставен сам на себе, рече Шкријељ.

Елена Димушевска, директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство вели дека кризната состојба може да го зголеми бројот на случаи на семејно насилство.

-Нашата организација отвори дежурни линии за да им даде помош и поддршка на жртвите во форми на бесплатна правна помош (071 464 019), психолошко советување (075 255 154) и советување за правата за социјална заштита (071 324 223). Ги охрабруваме сите жени кои се соочуваат со каква било форма на семејно насилство или насилство од својот партнер да нѐ контактираат. Ги повикуваме сите надлежни институции да им дадат највисок приоритет на пријавите на семејно насилство и да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите, вели Димушевска, стои во соопштението.

koronavirus mkdsemejno nasilstvo

Би можело да ве интересира

Велешанец ја претепа вонбрачната партнерка пред нивната малолетна ќерка, жртвата задоби тешки повреди по главата и телото

Горан Наумовски10/01/2026 - 18:1510/01/2026 - 18:26

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Семејна драма во Скопје: 69-годишна жена е нападната од снаата

Горан Наумовски23/12/2025 - 19:40

Приведен е скопјанец кој со нож им се закануваше на сопругата и синот

Горан Наумовски09/12/2025 - 19:00

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Горан Наумовски01/12/2025 - 18:25

Струмичанец прво се обиде да ја отруе сопругата, а потоа со нож и нанесе повреди на вратот

Горан Наумовски28/11/2025 - 11:4628/11/2025 - 13:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен