Апел за помош за 5-годишната Елеонора

Од:

Елеонора Тодоровска има пет години и се бори со леукодистрофија, ретка генетска болест што се јавува кај едно од 100.000 деца

Семејството по вторпат на наоѓа во истата ситуација. Елеонора го направи првиот третман кој даде резултати. Докторите од болницата „Лив хоспитал“-Турција бараат да се изврши уште едно пресадување на матични клетки. За ова, на семејството му се потребни 21.000 евра, клучни за Елеонора да може да се лекува.

„По неколку третмани во Франција и еден со матични клетки во Турција, состојбата на петгодишната Елеонора Тодоровска е подобрена. Ова е и причината поради која се бара втор третман за справување со леукодистрофијата, а тој можеме да го овозможиме само со ваша помош. Докторите од „Лив хоспитал“-Турција сметаат дека шансите за Елеонора да има подобро утре се големи. Затоа ја бараме вашата помош, крајната цел се собирање на 21.000 евра за петгодишната Елеонора ги надмине секојдневните болки, да ја врати насмевката, а болничките ходници да бидат минато. Борбата е секојдневна и тешка, бидејќи Елеонора не говори, не може да оди, не може самостојно да се храни“, велат од семејството Тодоровски.

Инаку, заболувањето на Елеонора е ретка генетска болест, што се јавува кај едно од 100.000 деца. Од дете со совршен развој, претходниве две години Елеонора ги минува низ болнички ходници. Со третманите, не само што се стопира прогресијата на болеста, туку и има одредени подобрувања, особено во делот на болките кои секојдневно ги имаше петгодишната Елеонора.

143-127 – Телеком

143-484 – А1

Трансанкциска сметка во Тутунска, на име Елеонора Тодоровска, сметка за донација: 210700000662646

Девизна сметка на име Елеонора Тодоровска, со IBAN: МК07210501730191280 SWIFT: TUTUNMK22

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

ДУИ знаела дека прима преголеми донации, но парите не ги вратила веднаш, утврди Антикорупциска

Орце Костов

Комбе за џамијата во Арачиново, лустери и темјан за Бигорски манастир: Донации од Агенцијата за одземен имот

Орце Костов

Апел за помош на Никола Ѓорѓиев

Ана Ололовска

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска