Апел од Бочварски и Наумоски: Опозицијата да го одблокира носењето на законот за нов Клинички центар

Од:

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски денеска упатија апел до опозицијата да го одблокира носењето на Законот за новиот Клинички центар.

– Апелирам уште еднаш и до Собранието, до пратениците, до опозицијата да не го блокираат градењето на Клиничкиот центар којшто е многу значаен објект за Скопје, но и за целата држава, истакна министерот Бочваровски.

Тој рече дека на средбата со градоначалникот Наумоски разговарале за инфраструктурни прашања и проблеми, со акцент на Клиничкиот ценатар кој треба да се гради во општина Ѓорче Петров.

– Тоа е најзначаен проект за државата и многу е важно да се реализира. За реализација на проектот вклучени се многу институции коишто работат на решавање на овој голем проблем или прашање кое треба да се реши во идниот период, рече министерот.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, исто така, апелираше да се одблокира законот.

– Упатуваме апел до Собранието, да се одблокира законот, за Ѓорче Петров да го види благодатот од најголемата историска гринфилд инвестиција од самото постоење на државата, рече Наумоски.

Законот за изградба на нов Клинички центар беше блокиран во Собрание со поднесување на 2000 амандмани од страна на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Обвинителство со детали за четворицата осомничени за тешки разбојништва во Хром и Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Рането момче е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје

Реконструирани шест операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти