Апасиев: Постои таен договор меѓу ДПМНЕ и ДУИ за нова владина коалиција по изборите

Од:

„Има една скриена квака која никој не ја артикулира. Само ние ја артикулираме, но нашиот глас не допира до мејнстрим медиумите, а тоа е тајниот договор помеѓу ДПМНЕ и ДУИ“, рече претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев во интервју за „Слободен печат“ за измените на Изборниот законик, стои во соопштението од Левица.

Тој потсети дека 61 пратеник беа присутни во салата, од кој четири или пет на ДУИ, што како што рече значи дека ДУИ му го обезбеди кворумот на ДПМНЕ за да се гласа, односно да се помине првата фаза од овој закон. „Што тоа ви кажува? Тоа кажува дека албанската дијаспора, односно дијаспората на Албанците од Македонија кои имаат меѓу другото и македонско државјанство, е далеку помотивирана да гласа електронски и оттука целта е на овој перфиден таен договор,преку такво гласање ДУИ да стане втората партија со 21 пратеник и да ја надмаши СДС“, рече Апасиев.

Според Апасиев на овој начин би се создале услови за повторно коалицирање меѓу ДПМНЕ и ДУИ со што ќе продолжи да важи Мајскиот договор склучен помеѓу Ахмети и Груевски. „Тоа е целата квака на оваа изборна квази реформа која што може и да се озваничи после наредните избори кои не знаеме кога ќе бидат“, истакна Апасиев.

Би можело да ве интересира

Уставен суд утре ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Левица: Инспекторите откриле профитерство, Мицкоски се одлучи за кафе во четири очи наместо казни

Левица поднесе 47 амандмани кон ребалансот на Буџетот: Парите да се насочат кај граѓаните, а не кај партиските интереси на власта

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

Левица: Алиу и Клековски ги поскапеа „Фостер” и „Мифортик”, а заборавија да ги набават замените на сметка на Фондот

А1он

(ВИДЕО) Мециновиќ: Партиите на олигархијата во заговор против Левица – да се зададе удар на оваа ламја која триесет години владее со нас

А1он