Уставен суд утре ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Од:

Уставен суд утре ќе ја одржи 18. седница за 2026 година, на чиј дневен ред, покрај другите предмети, е предвидена расправа по иницијативите на политичките партии „Левица“ и „Демократи“ со кои се оспоруваат одредби од Изборниот законик што се однесуваат на платеното политичко рекламирање.

Како што соопшти Уставниот суд, со иницијативите се оспоруваат членовите 75-ѓ став 1 и став 12 алинеи 1 и 2, член 76-д став 5 алинеи 1 и 2 и член 78-а став 4 алинеи 1 и 2 од Изборниот законик.

Во иницијативата на „Левица“ се наведува дека оспорените одредби создаваат дискриминаторски пристап во распределбата на медиумскиот простор и јавните средства наменети за платено политичко рекламирање. Партијата смета дека Изборниот законик треба да обезбеди еднаков третман на сите политички субјекти што учествуваат во изборниот процес, без разлика дали се парламентарни или вонпарламентарни партии.

Според наводите во иницијативата, во пракса се овозможува двете најголеми партии од власта и двете најголеми партии од опозицијата да добиваат најголем дел од медиумскиот простор и државната поддршка, додека другите политички партии се ставени во понеповолна положба.

Од друга страна, партијата „Демократи“ во својата иницијатива тврди дека оспорените законски одредби не се во согласност со членови од Уставот што се однесуваат на еднаквоста на граѓаните, слободата на информирање и владеењето на правото. Според партијата, со законските решенија 80 проценти од бесплатниот рекламен простор им се доделува на четири политички партии, додека останатите партии располагаат со 20 проценти од вкупниот број рекламни паноа и билборди.

Подносителот оценува дека ваквата распределба го нарушува политичкиот плурализам и принципот на слободни и демократски избори како темелни вредности на уставниот поредок.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он