Апасиев попладнево имаше средба со граѓани во Неготино

Од:

Партијата Левица и претседателот Димитар Апасиев попладнево имаше средба со граѓани во Неготино. Пратеникот Сашко Јанчев од ИЕ4 за време на настанот се повика на познатата изрека на Ганди, „Прво те игнорираат, потоа ти се смеат, потоа те напаѓаат, на крај – победуваш.“

– Така е со нас, прво не игнорираа, па ни се смееја, а денес не цензурираат преку нефер игра каде што и самите не може да се рекламираме со наши пари. ДПМНЕ уплашени од нашиот раст, не спречија во можноста за рекламирање на конвенционалните медиуми, но ние не се плашиме и не кукаме, истакна Јанчев.

Тој подвлече дека имаат воспоставена работа во Советот на Општина Неготино преку членот Леон Ристов.

-Имавме 1 член во Советот, а сега одиме на 3 советници за до целосна контрола на одлуките за доброто на Неготино, нагласи Јанчев.

Никола Ламбев, носител на советничка листа, рече дека на овие локални избори, Левица излегува со чиста намера и јасен став. Притоа истакна дека Неготино заслужува локална власт што ќе работи за сите, а не само за одреден дел од граѓаните на Неготино. Ламбев порача, доста беа импровизации, лаги и нереализирани проекти во Неготино,
време е да се врати гласот на народот во Советот. Тој изрази убедување дека на овие избори Неготино ќе изнесе јасна порака дека е доста од лоши политики, партиски и фамилијарни вработувања и непотизам

– Нашата советничка листа е составена од обични луѓе со борбен карактер, непоткупливи директни и чесни. Ќе се залагаме да ја вратиме контролата што и недостасува на Општина Неготино . Ќе зборуваме кога другите ќе молчат, се кријат и гласаат по партиска линија , ќе делуваме исто како претходните четири години во Советот преку нашиот советник Леон Ристов. Во нашата програма се залагаме за реални проекти, а не за лажни ветувања, нагласи тој.

Ламбев рече дека немаат мегаломански нацрти, што остануваат само на хартија.

– Нудиме остварливи, корисни и потребни решенија за граѓаните на Неготино. Наместо шминка на улици пред избори , бараме вистинска инфраструктура низ цела општина. Инвестиции во водовод, канализација и чиста животна средина и конечно после 30 години лажни ветувања, изградба на модерен парк кај спортската сала ,,Младост”. Затоа го повикуваме секој разочаран, секој заборавен и секој што се чувствува исклучен да излезе, да гласа и заедно да покажеме дека Неготино може стварно поинаку, додаде Ламбев.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Нашиот модел ќе го реши јавниот превоз за наредните 100 години

Божиноска: Овозможете повеќе мамографи – во тетовската Клиника нема термин, нема кадар

Аврамоска: Левица во Советот на Охрид беше најактивна партија – така и ќе продолжиме

А1он

Апасиев: Заедно до победа – борбата продолжува!

(ВИДЕО) Мојсоска: Црна кампања против Левица докажува дека власта се плаши од нашиот раст

Мециновиќ од Аеродром: Луѓе одиме во втор круг