Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Од:

По повод јубилејот 80 години од првото заседание на АСНОМ, делегација на Левица, предводена од претседателот на Партијата проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со членовите на Президиумот – потпретседателот Реџеп Исмаил-Хактан и генералниот секретар Јована Мојсоска положија цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот ,,Св. Прохор Пчински“, каде е одржано и првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија.

Идеалите и целите на борбата за слобода и независност на македонскиот народ станаа реалност и темел на македонската државност со славната победа на Македонците во антифашистичката борба. Искуството од вековната борба на македонскиот народ покажува дека единствениот пат кон слобода и независност е преку борба во сојузот со сите угнетени народи на Балканот и ширум светот против канџите на империјализмот.

АСНОМ-ска Македонија е темелот на македонската државност. Во овие времиња на национална и социјална потиснатост на македонскиот народ, враќањето на АСНОМ-ските вредности и државнички принципи се клучни за повторно воспоставување на суверенитетот и независноста на македонската држава, наведуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите