Апасиев од Штип: На парламентарните избори очекуваме од осум до дванаесет пратеници

Од:

Целта на Левица на овие избори да го „кутне“ ВМРО – ДПМНЕ под 50 пратеници, а СДСМ под 20 и конечно да ја пасивизираме СДСМ, изјави вечерва пред собирот со граѓани во Штип, претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Тој посочи дека целта им е и да освојат од осум до дванаесет пратеници, а како што рече, тоа се прогнозите и реалните очекувања на Левица.

-Она што го направивме на претседателските избори е очекуван резултат, како за првпат учествуваме и поддржавме независен кандидат, кој ни беше идеолошки близок. Но, на парламентарните почнуваме од нула и очекуваме солиден резултат, со којшто ќе овозможиме моќта на уценување конечно од албанските необалистички партии, да премине конечно во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот, наспроти сите антимакедонски сили, коишто сакаат да внесуваат и Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни Парламенти и да менуваат Устав, со којшто ќе се брише 20 проценти и ќе влегува друг официјален јазик, рече Апасиев.

Носителот на листата за пратеници на Левица во ИЕ 3, Борислав Крмов истакна дека денеска пред штипјани ја претставуваат Програмата на Левица. Како што вели Крмов нивната Програма е единствено различна од сите останати, бидејќи се однесува на обичниот човек.

– Можете да ги видите другите партии, како разговараат со некои Здруженија на бизнисмени, какви субвенции ќе им даваат, само нашата партија се обидува да го издигне обичниот човек одоздола, вели Крмов.

Тој истакна дека приватизацијата и водење на бизнис политика, доведе до иселување на населението од градовите. Крмов истакна дека во Програмата предвидуваат централна Планска агенција која ќе ги развива регионите рамномерно.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо во сметките на Заеви и Мијалков, ДПМНЕ неовластено следи наши пратеници, додека го крие својот имот

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Вистинското лице на Мојсоска и останатите од Левица е разобличено и демаскирано, никој веќе не им верува

Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

Левица: Касами доделил тендери од 100.000 евра на фирма – донатор на Беса

Левица: Најголем поборник за Биљал Касами да биде повторно градоначалник е раководството на ДПМНЕ на чело со Мицкоски

Влен: ДУИ е партнер на Левица, за власт ги гази Албанците

Горан Наумовски