(ВИДЕО) Апасиев: Добивам закани за моето семејство

Од:

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вели дека добива закани за него и неговото семејство, откако ги напишал фејсбук статусите за кои во моментов има отворен предмет во Јавното обвинителство, а каде денеска одговараше пред надлежен обвинител за предметот за ширење на говор на омраза.

Апасиев денеска пред Обвинителството изјави дека тој во неговите пораки до јавноста секогаш се држи до практиката на Европскиот суд за човекови права и ќе продолжи тоа да го прави и понатаму, односно нема да престане со фејсбук статусите кои ја скандализираат јавноста. Кажа дека не очекува обвинение против него, туку кривични пријави за тие што го пријавиле за ширење омраза.

Мерсиха Смаиловиќ и Тања Милевска преку Хелсиншкиот комитет се подносителите на пријавата против Апасиев. Тој по парламентарните избори кога стана пратеник, на Фејсбук напиша „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“, што беше протолкувано како закана и ширење говор на омраза.

Би можело да ве интересира

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Апасиев: Хендикеп не е да си борец, хендикеп е да си привилегиран примитивец

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари