Апасиев до Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?

Од:

Почитуван северномакедонски премиер, моето прашање е за вмровската агенција „Рубикон”, која ја обезбедуваше диско шталата во Кочани. Оваа агенција е основана како паравојска, со цел да ја замени фирмата „СГС” на Мијалков со кој божемски се скаравте. „Рубикон” е формирана веднаш после Вашата победа на локалните избори и веднаш почнува да добива тендери од вмровските општини, рече Димитар Апасиев од Левица.

– Вистински сопственик на оваа агенција е Александар Нацев, кој беше директор за време на Груевски, а беше и делегат на Валандовскиот конгрес во 2017 година, каде Вие сте избран за лидер, односно октроиран од страна на Груевски, бидејќи Вие бевте анонимус во Вашата сопствена партија. Бидејќи Вие сам изјавивте дека ќе си дадете оставка, доколку има било какви докази дека агенцијата за обезбедување на дискошталата е поврзана со ДПМНЕ – ќе Ве прашам дали после вакви докази ќе си поднесете оставка од функцијата, нагласи Апасиев.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови