Антоанета Димовска и Наке Георгиев се новите членови на Судскиот совет

Од:

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев и судијката од Граѓанскиот суд, Антоанета Димовска се нови членови на Судски совет.

Георгиев, за кого Судски совет непосредно пред кандидатурата ја запре постапката што се водеше против него, беше единствен кандидат од редовите на Врховните судии. За него гласале шестмина од вкупно 16 судии во Врховен.

Антоанета Димовска пак е новиот член од апелационото скопско подрачје. Тас добила 110 гласови наспроти претседателот на Судот во Кавадарци, Лазар Нанев, за кого гласале 49 судии.

Претседател на Комисијата за избори беше судијата од Управен суд и поранешен член на ДИК, Субхи Јакупи.

Сега течат рокови за приговори на кандидатите, а утре ќе бидат соопштени конечните резултати.

За Георгиев, чија сопруга е обвинител, а синот заврши академија за судии и обвинители, се водеше дисциплинска постапка за утврдување одговорност за нестручно работење за периодот додека бил претседател на Апелацискиот суд во Штип, но Судски совет донесе одлука да запре постапката.

Судијката Антоанета Димовска е сестра на пратеничката Снежана Калевска Ванчева од СДСМ и доаѓа од скопскиот граѓански суд каде претходно беше кандидат за уставен судија, но Судски совет не ја поддржа.

Нови членови во Судскиот совет се бираат на местата на на врховната судијка Мирајна Радевска Стефкова и апелациониот судија Зоран Герасимовски кои поднесоа оставки затоа што не се согласуваа со работењето на советот.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава