Антикорупциска ќе поднесе жалба на одлуката на Управниот суд за Ѓорге Иванов

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поднесе жалба на одлуката на Управниот суд, што пресуди во полза на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Тој поднесе тужба против ДКСК, која поведе прекршочна постапка против него за унапредувањата во Армијата.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска денеска изјави дека ќе поднесат жалба до Вишиот управен суд.

– Управниот суд ја разгледуваше тужбата на Иванов и ја уважи, нас ни достави судска одлука, за која што имаме правен лек, да доставиме жалба, така што ние ќе си го искористиме тоа право, ќе ја аргументираме жалбата, од аспект на важечките прописи во нашиот закон и ќе доставиме жалба до Вишиот управен суд, изјави денеска претседателката на ДКСК Ивановска.

Таа оценува дека во оваа судска одлука е постапено од аспект на формата.

– Дали сме требале или не сме требале да го повикаме претседателот како странка во нашата постапка, повеќе е од аспект на процедурално постапување од наша страна, за што ние си имаме наш став и сметаме дека ние сме постапиле во ред. Меѓутоа сето тоа ќе го аргументираме и ќе го напишеме во нашата жалба, рече таа.

Во образложението на Управниот суд се наведува и дека на Иванов му било оневозможено да ги изложи своите аргументи како одбрана пред Антикорупциската комисија, а исто така не му било доставено и нејзиното решение, туку било само објавено на веб-страницата на Комисијата.

– Врз основа на наведеното, Судот утврди дека тужениот орган при водење на постапката не го почитувал членот 33 ставот 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и не го повикал тужителот на денот на одржувањето на јавната седница, со што го повредил начелото на еднаквост во постапката и му го ускратил правото да ги изнесе аргументите поткрепени со факти и докази. Исто така, тужениот орган сторил повреда и на ставот 6 од истиот член, кога не ја доставил одлуката до тужителот, од причина што истата само ја објавил на веб-страната на ДКСК, согласно член 22 став 7 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а не се обидел да ја достави, имајќи предвид дека истата утврдува дека ќе иницира прекршочна постапка, се наведува во образложението од Управниот суд.

Би можело да ве интересира

Иванов на средби со македонската дијаспора во Австралија

Ана Ололовска

Поради бирократски прашања заглавено просторното и кадровското екипирање на антикорупциската комисија

А1он

Ќе се потпише меѓународен договор со кој антикорупциска ќе има увид во имотот на функционерите во странство

Јавното обвинителство ги отфрла наводите на анткорупциска за работење под притисок

Судијата Шахини е обвинет за штета на буџетот од 198 илјади евра за предметот со денационализација

Васко Маглешов

Преку непостоечки член, Иванов помилувал 56 лица, одлучија пратениците

Васко Маглешов